11 марТаа,Јас,Ти

Раскажувам за некои времиња идни,
недојдени
Се сеќавам на некои времиња поминати,
незаборавени

Оставам траги
темно мастило истурено
стихови пречкртени,
заборавени

Ги испомешувам мирисите
твоите и нејзините
Ги опевам очите
галејќи ве со поглед
се насладувам ко пчела со нектар
и повторно полетувам,
но,тука сум
заробен во нишанот
Таа – минатото
Јас – заборавот
Ти – времето недојдено